Пет натпревари од Лигата на нации се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 52.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.15 и 2.40.
Словенија е голем фаворит на гостувањето кај Казахстан, па доколку успеат да погодат во меч на кој ќе има барем еден гол во второто полувреме, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
Најголемата квота во оваа понуда е за натпреварот помеѓу Ерменија и Македонија. Ако нашите репрезентативци останат непоразени во Еревен, но и ако на целиот натпревар нема повеќе од два гола, тогаш квотата од 2.40 ќе биде добитна.
Англија после киксот против Грција, нема право на грешка против Финска на гостински терен. Квотата од 2.15 ќе биде добитна ако „гордиот албион“ има водство на полувремето и на крајот победи во натпревар на кој ќе има најмалку два гола.
Голови се очекуваат на мечот помеѓу Австрија и Норвешка. Квота од 2.20 ќе биде добитна ако во првото полувреме има еден или два гола, а најмалку три на целиот натпревар.
Понудената квота за мечот помеѓу Грција и Ирска ќе биде добитна само ако една од екипите има водство на полувремето и на крајот да има победник, односно не смее да биде нерешено ниту на полувремето, ниту на крајот од мечот.