Словенците бесни по елиминацијата: Од каде ги најдоа овие судии?

Репрезентацијата на Словенија доживеа пораз од 100-89 од Канада во четвртфиналето на Светското првенство и тука заврши сонот за полуфинале. Сепак, од таборот на Словенците не можат да се помират со поразот и ги обвинија судиите за лоша арбитража.

„Знаеме каков човек е Брукс, валкан. Тоа им беше целта, да ги испровоцираат судиите. На тоа не регираа, чудно ми е … Кога ние одевме на контакт, веднаш свиреа фаул, а за нив не. Ќе биде интересно против Србија“, изјави репрезентативецот на Словенија, Зоран Драгиќ.

Тој го коментираше и исклучувањето на Лука Дончиќ.

„Беше надвор од контрола. И ние мора помалку да се занимаваме со судиите, но тоа е многу тешко. Две технички и мораше надвор. Навистина не знам каде ги наоѓаат овие судии. И покрај сѐ, ние мораше да бидеме подобри. Во првите две четвртини игравме на високо ниво, за тоа не беа криви судиите.“

 

 

- Оглас -

Најнови вести