Словенците се тотално незаинтересирани за мечот со Македонија, Облак и Кек се вклучија во друга кампања (Видео)

Словенците се преокупирани со младинското Европско првенство за играчи до 21 година и повеќе мислат на продажбата на билети за завршните натпревари во Љубљана и Марибор, отколку за мечот на сениорската репрезентација против Македонија во Скопје за два дена.

Во промоцијата на младинскиот шампионат, чиј домаќин заедно со Унгарија се и Словенците се вклучија селекторот на сениорите Матјаж Кек и најпознатиот А репрезентативец, голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Интересно е што Словенците испаднаа, но билети мора да се продаваат за дуелите во Марибор и во Љубљана, каде и ќе се игра финалето на младинското ЕП.

Веќе е познато дека и сениорската селекција на Словенија нема да игра на континенталниот шампионат за кој не избори место.

https://twitter.com/nzs_si/status/1397519076621262849?s=20

Словенците нема да играат на сениорското ЕП, па како спаринг партнер ќе играат против Македонија задутре во Скопје на националната арена „Тодор Проески“.

https://twitter.com/nzs_si/status/1398243843095531522?s=20

За Македонија тоа ќе биде првиот од двата тест натпревари пред историскиот настап на Европско првенство што ќе го почнеме на 13. јуни против Австрија во Букурешт.

По Словенците со кои ќе играме на 1. јуни од 18 часот, на гости ќе ни дојде и репрезентацијата на Казахстан, на 4. јуни, што ќе биде премиерна проба за дуелите на ЕП.

По мечот со Австрија на шампионатот ќе играме и со Украина на 17. јуни, исто така во Букурешт, а фазата по групи ќе ја завршиме со гостување во Амстердам на 21. јуни и меч со Холандија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести