Словенците цврсто веруваат во победа над Македонија

Според резултатите од анкетата на еден од најпознатите словенечки спортски портали, дури три четвртини од Словенците сметаат дека вечерва на стадионот „Стожице“ каде ќе гостува македонскиот национален тим во меч од квалификациите за ЕП 2020, ќе триумфира домашната репрезентација.

Дури 76,8 отсто од учесниците во анкетата, прогнозираат победа на Словенија, додека за победа на Македонија и за нерешено, се изјасниле нешто повеќе од по 11 проценти. Реми прогнозираат 11,7, а победа на гостите 11,4 отсто од читателите.

Оптимизам има и кај словенечките играчи и селекторот Матјаж Кек, но тие се многу попретпазливи и најавуваат дека нема да биде лесно. Тие постојано ги повикуваат фановите да дојдат на трибините кои собираат 16 илјади гледачи, бидејќи околу 2.000 Македонци колку што може да се појават, може да направат атмосфера како да се игра во македонски град.

Рене Крхин беше заедно со Горан Пандев во Интер, Миха Зајц и Ељиф Елмас се соиграчи во Фенербахче, селекторот Кек ги тренирал Ристовски и Велковски, па Словенците добро знаат со кого си имаат работа.

- Оглас -

Најнови вести