Словенците уште жалат што не ја победија Македонија

Фудбалската репрезентација на Словенија синоќа загуби кај соседот Австрија со 0-1 во меч од квалификациите за Европското првенство 2020 година, во групата во која игра и нашиот национален тим, а Словенците уште зборуваат за „киксот“ против Македонија во претходното коло.

На 24 март во Љубљана, Словенија и Македонија одиграа 1-1, и тоа за домашните било непланирано пропуштање на два бода кое уште го немаат преболено.

„Не е важно колку бодови имаме во моментов, туку колку ќе имаме на крајот од квалификациите и дали ќе се пласираме на ЕП. Вистина е дека во овие три кола собравме премалку бодови. Мечот со Македонија долго време ќе нè прогонува“ – изјави Кек.

- Оглас -

Најнови вести