Смее ли фудбалерите од Италија да бидат позајмени до крајот на сезоната во други лиги?

Забраната за спортски натпревари во цела Италија која ќе трае до 3 април отвора многу дилеми и прашања. Што ќе се случува со Серија А е она што ги интересира љубителите на фудбалот. Со откажувањето на неколку кола, невозможно е Серија А да заврши навреме, пред стартот на подготовките на репрезентациите за Европското првенство.

Во врска со фудбалскиот шампионат, има три опции. Првата е да се одложи Европското првенство, па Серија А да се доигра во јуни. Втората варијанта е во април и мај Серија А да се игра во забрзан ритам, на секои два-три дена. Третата е првенството да се прекине и да не се доделува пехар за шампион, но така би немало ниту испаѓање. Во овој случај би се одредило само кои тимови во кој од еврокуповите ќе играат.

Како и да е, поради коронавирусот спортот е колатерална штета, особено фудбалот. Ако не се игра веќе во Италија, што ќе биде со играчите, ќе смее ли да одат да играат на друго место?

Навивачи на Реал Мадрид се шегуваат на социјалните мрежи и бараат од Јуве да им го позајми Кристијано Роналдо до крајот на сезонава. Но, и во Шпанија ситуацијата не е најрозова. Веќе од претстојниот викенд може и таму да се затворат вратите на стадионите и да се игра без публика. Прв меч кој би се играл без публика би бил Реал Мадрид – Еибар, закажан за в петок во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести