Ладниот временски бран кој зафати делови од Европа донесе изненадувачки снег во одредени делови и на пониските места. Во Швајцарија, вчера играа Цирих и Сент Гален, а непосредно пред мечот заврна обилен снег и за брзо време целиот терен беше прекриен во бело.
Сепак, Швајцарците брзо реагираа и се снајдоа, а снегот целосно беше исчистен. Група од најверните фанови на Цирих веднаш се пријавија да се симнат на теренот и со лопати да го исчистат снегот.
За кратко време целиот снег од теренот беше исчистен и фудбалерите добија многу понормални услови за игра. На крајот, домашните фудбалери не го искористија овој убав гест на нивните навивачи и загубија со 0:1 од Сент Гален, со кого се во директна борба за место кое може да ги одведе во Европа.
Како изгледаше реакцијата на навивачите и како брзо се организираа да го исчистат целиот терен, може да видите ТУКА.