ВИП местото во „Стејплс центарот“ Снуп Дог го продава за 5 долари

Лос Анџелес лејкерс е сè подалеку од пласман во плејофот на НБА-лигата. Во 63 меча, Лејкерс има 30 победи и 33 порази, доволно за десеттото место на Западот. Ниту доаѓањето на Леброн Џејмс во градот на Холивуд не донесе многу промена во играта, а навивачите се разочарани. Најтрофејниот клуб во историјата на НБА со 16 пехари сега е далеку од борба за тронот.

Голем број светски ѕвезди се разочарани од играта на ЛА, а најрадикален беше познатиот рапер Снуп Дог, кој преку социјалните мрежи реши да го даде своето ВИП место и тоа за само пет долари. Со оваа порака, Снуп Дог едноставно сака да покаже колку вреди овој тим на Лејкерс.

Лејкерс ноќеска на свој терен игра во градското дерби против ЛА клиперс.

- Оглас -

Најнови вести