Со едно добро полувреме тешко се игра против Русија – Пораз во Перм од 77:67

Македонија одигра едно добро полувреме и многу послабо второ против Русија за нов пораз во квалификациите за настап на ЕП 2021.

Големиот пад во играта на почетокот на последната четвртина што ја почнавме со 2:11 и ја загубивме со 20:14 не чинеше пораз од 77:67, исход што се очекуваше.

Почнавме добро и имавме предност од пет поени, 7:2 и 17:12 во текот на првиот период од 10 минути што го добивме со 20:19. Потоа Русите направија пресврт и на полувреме имаа предност од 38:36.

Македонија не се предаваше и негативата од девет поени во третиот период 57:48, ја сведе само на четири поени по 30 минути игра.

Сепак клучен за поразот беше стартот на последната четвртина кога домаќините поведоа со 68:58. Имавме шанса за подвиг, намаливме на само три поени во самиот финиш, но Русите не дозволија сензација и победија со 77:67.

Шејн Витингтон и Андреј Магдевски постигнаа по 14 поени, десет имаше Војдан Стојановски, а по девет постигнаа Ѓуровски и Дамјан Стојановски.

Кај Русите кои ја забележаа првата победа во квалификациите најдобар стрелец беше Виталиј Фридзон со 23 поени. Дмитри Кулагин уфрли 15 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести