Со Елмас како стартер, Наполи се пласираше во четвртфиналето од италијанскиот Куп

Наполи рутински стигна до четвртфиналето од Купот на Италија, откако на домашен терен избраниците на Џенаро Гатузо славеа со 2-0 против Перуџа. Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути и беше еден од највијателните играчи на теренот.

Наполи до победата дојде по двата реализирани пенали на Инсиње во 26-тата и 38-та минута, а и гостите добија прилика да ја намалат негативата од белата точка, но Јемело не ја искористи шансата.

Наполи е втор четвртфиналист откако Торино обезбеди пласман пред на 9 јануари по триумфот над Џенова по пенал рулетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести