Со години не веруваа во него, бараа начин како да го „откачат“, а сега Реал му понуди нов побогат договор

Пред речиси шест години, Реал Мадрид потпиша со Дани Себалјос, играч кој дојде од Бетис како големо засилување. Тогаш, Себалјос блесна на Европското првенство за млади, па Кралскиот клуб не чекаше многу и реши да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, Себалјос не се снајде најдобро во шпанскиот гигант и откако во првите две сезони одигра 56 меча во сите натпреварувања, беше даден на позајмица во Арсенал. Кај Топчиите помина две сезони во кои беше стандарден и одигра дури 77 средби, па затоа Реал реши да го врати во своите редови.

Минатата сезона Себалјос повторно се мачеше за стекне првотимски статус, но сезонава игра одлично и веќе има 20 средби за Кралевите, а има и еден гол и четири асистенции.

Токму ова е последна сезона за Себалјос во Реал, а сега игра најдобар фудбал во кариерата, па Кралевите решија дека треба да го задржат. На фудбалерот му е понуден нов четиригодишен договор според кој ќе заработува повеќе пари од тоа што го добиваше досега, па тој треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести