Ливерпул дојде до израмнување на 1-1 против Арсенал преку Минамино во 73-тата минута, по долгиот притисок на Црвените во битката за пехарот на Комјунити шилд.
Со малку среќа, Јапонецот ја искористи гужвата пред голот на Мартинес, по што со ВАР се проверуваше дали голот е регуларен. Ако претходно во првото полувреме му беше поништен голот на Ван Дајк поради офсајд, овојпат немаше дилеми и Црвените се вратија во игра.