Со него ќе заврши потрагата за наследникот на Роналдо

За Ерлинг Браут Халанд сè почесто се зборува откако дебитираше во Лигата на шампионите со хет-трик против Генк. Фудбалската јавност и пред тоа слушна за него, кога постигна девет гола во еден меч на Светското првенство за играчи до 20 години, но неговите настапи особено се запазени оваа сезона, бидејќи Халанд доминира и во австрискиот шампионат.

За Салцбург досега запиша 11 настапи во сите натпреварувања, во кои вкупно постигна 18 погодоци, статистика која покажува дека Норвежанецот прераснува во врвен голгетер. Иако има само 19 години, Халанд го привлече вниманието на најголемите европски клубови, што е најава дека во блиска иднина ќе се започне „војна“ за неговиот потпис, а најмногу еден или два клубови имаат предност пред другите.

Најголем интерес за него покажува Реал Мадрид. Кралскиот клуб веќе извесно време го следи напредокот на Халанд и во него гледаат како иден прв напаѓач. Споредуван со Ван Бастен и Ибрахимовиќ, младиот Халанд може да ја прекине потрагата на Реал за заменик на Кристијано Роналдо. Веќе две години кралскиот клуб е без гол-машината која сега „гази“ во Серија А, а оние кои пристигнаа на „Бернабеу“ да ја пополнат таа празнина, речиси да немаат никакви шанси да го повторат учинокот на Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести