Со убедлива победа од 4:1 и покер во мрежата на Гранада, играчите на Реал Мадрид останаа во игра за шампионската круна во Шпанија и ќе чекаат кикс на лидерот Атлетико Мадрид во последните две кола.
Лука Модриќ чекаше цели 9 сезони за да постигне најмалку 4 гола во ист циклус на натпреварувања, а му успеа со водечкиот погодок за Реал во 17-тата минута. Претходно, еден од најдобрите играчи за врска на планетата постигна 4 гола како фудбалер на Тотенхем во сезоната 2011/12.
https://twitter.com/GoalsToday8/status/1392938008362508291?s=20
Потоа Родриго беше прецизен во последните моменти од првото полувреме, со што ја најави новата победа на Реал, кој е втор во Ла Лига со два бода помалку од Атлетико Мадрид на две кола до крајот на шампионатот.
https://twitter.com/iammahinhossain/status/1392945853367689219?s=20
Почесен гол за Гранада постигна Хорхе Молина, но тоа беше сè од домаќините, кои примија уште два гола до крајот на мечот.
https://twitter.com/goalsfullhd2/status/1392955461150851080?s=20
Алваро Одриозола со вториот гол сезонава за Реал им донесе недостижна предност на гостите, а печат на триуфмот од 4:1 стави најдобриот стрелец на Кралевите, Карим Бензама со 22-риот погодок сезонава во Ла Лига.
До крајот на првенството Реал ќе игра со Атлетик Билбао на гости и со Вилјареал дома, а Атлетико ја чека Осасуна во следното коло и ќе му гостува на Валјадолид во последното коло.
Ако двете екипи имаат ист број бодови, Реал ќе биде првак поради подобриот меѓусебен скор во дуелите со Атлетико.