Натпреварите од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа и на Лигата на конференции „им се погодија“ на играчите на Sport Life, кои повторно покажаа дека се одлични типувачи, и тоа со школска игра на конечен тип.
Во уплатно место на Sport Life во Гостивар е одигран тикет со 11 натпревари, кои на обложувачот му донесоа нето-добивка од 150.653 денари, и тоа со вложени 50 денари.
На тикетот има натпревари само од Лигата на Европа и Лигата на конференции и Лигата на шампионите и на десет меча е типувано само на конечен тип, а еден дуел е „збогатен“ и со голови.
Без проблеми до победите дојдоа Аталанта, Вест хем, Спортинг, Спарта Прага, Бриж, П’лзењ, Бешикташ, Лил, Ајакс.
Најнеизвесно беше на „Бенито Виљамарин“, каде што Бетис е поразен од Ренџерс 2:3 и со тоа го загуби првото место во својата група. Шкотскиот тим во првото полувреме двапати водеше, но Бетис двапати успеваше да израмни. Ренџерс до победата дојде со голот на Руф во 78-мата минута.
Единствен натпревар кој беше зачинет и со голови беше тој на којшто играше поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски. Динамо Загреб со 3:0 го совлада Балкани и му донесе одлична добивка на гостиварецот кој одигра 1 & 2-4 гола.
ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА РЕН ВО 102-РАТА МИНУТА МУ ДОНЕСЕ ЌАР ОД 144.366 ДЕНАРИ
И во Битола беше уплатен тикет со школска игра на конечен тип на натпреварите од Лигата на Европа и Лигата на конференции, кој донесе нето-добивка од 144.366 денари со уплата од 100 денари. На тикетот се одиграни осум натпревари и сите се фиксови, а квотите се движеа од 1.70 до 4.15.
На тикетот е одиграно на фаворитите, а најнеизвесно беше на натпреварот меѓу Рен и Виљареал, кој заврши со триумф од 3:2 на шпанскиот тим. Но, на Рен во 102-рата минута му беше поништен гол за реми.
На останатите натпревари Аталанта со 4:0 го победи Раков, Спортинг му даде три гола на Штурм, 3:1 беше за Ајакс против АЕК, Брајтон со 2:0 го совлада Олимпик Марсеј, Бетис загуби со 2:3 од Ренџерс пред своите гледачи, Бриж со 3:1 го победи Бодо/Глимт, а 3:1 беше и на дуелот Макаби Тел Авив – Гент.