Со Словенија го почнуваме фудбалскиот маратон – Навивачи од 7 до 77 дојдоа на Арената да ги поздрават јунаците (Фото)

Македонските навивачи пристигнуваат кон националната арена „Тодор Проески“ за да ги поздрават Горан Пандев и сите наши фудбалски јунаци кои обезбедија прв настап на големо натпреварување, на ЕП, што ќе го почнеме на 13 јуни против Австрија.

Како загревање и контрола пред ЕП, вечерва од 18 часот играме пријателски меч против Словенија, прв со присуство на публика по долг период поради корона кризата.

Навивачи има на различни возрасти од 7 до 77 години како почеток на фудбалскиот маратон што треба да кулминира во Букурешт и Амстердам на дуелите со Австрија, Украина и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести