Со солзи во очите, легендарниот Рибери ја заврши кариерата (Видео)

По 22 сезони во професионалниот фудбал, Франк Рибери се прости од активното играње. Легендарниот 39-годишен француски фудбалер за последен пат се појави на теренот и тоа во дресот на Салернитана, но само за да отпоздрави на навивачите, пред дуелот со Специја. Навивачите од трибините почнаа да го скандираат неговото име, а фудбалерот не можеше да ги скрие солзите.

На крајот од дуелот, Салернитана мотивирана од Рибери успеа и да победи со 1:0. Рибери во овој италијански тим пристигна минатата сезона и имаше двогодишен договор кој требаше да му истече во јуни 2023 година. Сепак, Французинот реши дека сега е време да се прости од активното играње и тоа поради многуте повреди кои ги имаше во последниот период.

Кариерата на Рибери започна во Лил, а светска слава стекна за време на 12-годишниот престој во Баерн Минхен. Со баварскиот гигант ги освои сите најзначајни трофеи. Во кариерата уште има играно и за Булоњ, Алес, Брестос, Галатасарај, Фиорентина, а си заминува како играч на Салернитана.

Во дресот на француската репрезентација одигра 81 меч во кои постигна 16 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести