Со тренинг до перфекција: Шпанците да се чуваат од магијата на Модриќ (видео)

Хрватската фудбалска репрезентација е пред голем предизвик да избори четвртфинале на ЕП во дуелот против фаворизираната Шпанија. Лука Модриќ, капитенот на Коцкестите и најдобриот играч во екипата, ќе биде најголемиот проблем за тимот на Луис Енрике, кој блескаше во победата над Шкотска и со магичен гол ја одведе репрезентацијата до нокаут-фазата.

Неговиот претпознатлив шут, „сув лист“, Модриќ го вежба до перфекција. Токму на вчерашниот тренинг на хрватскиот состав Лука уште еднаш покажа како се изведува магијата, од која Шпанците ќе треба добро да се чуваат.

- Оглас -

Најнови вести