Со вакви навивачи е лесно – Ајнтрахт по 39 години пак е во европско полуфинале (Видео)

Ајнтрахт Франкфурт ја продолжува европската бајка и ќе игра во полуфиналето во Лигата на Европа, а редум ги елиминира екипите со европски титули, Интер и Бенфика, и ќе се обиде да приреди уште еден подвиг за финале против Челзи.

Трет тим по ред со европска круна им стои на патот до целта во првото полуфинале за нив по пауза од 39 години во еден од европските купови.

Последниот пат кога играа полуфинале им успеа да одат докрај и го донесоа пехарот од тогашниот Куп на УЕФА во Франкфурт во сезоната 1979/80.

Тогаш во два меча беа поуспешни од ривалот од Германија, Борусија Менхенгладбах, и ја освоија титулата благодарение на правилото за повеќе постигнати голови на гости.

Во Менхенгладбах, Борусија победи со 3-2, во реваншот во Франкфурт Ајнтрахт победи со 1-0 и го освои вредниот пехар во Купот на УЕФА, чиј наследник е Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести