Со вакво неверојатно промашување не може да се очекува победа над БАТЕ Борисов (Видео)

БАТЕ Борисов победнички си замина од гостувањето кај Динамо, во меч од 10-тото коло на првенството на Белорусија. Со овој триумф, БАТЕ Борисов стигна до седмата победа во 10-тото коло и ја задржа челната позиција на табелата. БАТЕ Борисов поведе со 1:0, а Артем Милевски израмни на 1:1 на полувремето.

Во последните 15 минути БАТЕ Борисов со два гола стигна до очекуваната победа. Само 60-тина секунди пред БАТЕ Борисов да го даде вториот погодок, домаќините имаа неверојатна шанса да стигнат до предност.

Милевски центрираше, а Павел Савитскиј, напаѓачот на Динамо, промаши иако беше само на два метри пред празен гол. Промашувањето на Павел Савитскиј може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести