Аргентина и Франција веќе го играат големото Мундијалско финале, а покрај битката за Златната божица, трофеј што е највреден во светот на спортот се игра и за пари.
ФИФА ќе му додели на новиот светски првак точно 42 милиони долари, а грото од парите што ќе ги добие аргентинската, или француската федерација ќе одат за фудбалерите.
Француската федерација веќе објави дека најстандардните и најдобрите фудбалери во нивната репрезентација од калибарот на Килијан Мбапе ќе добијат бонус од околу 600 илјади долари.
Поразената селекција во финалето ќе инкасира од ФИФА 30 милиони долари, а Хрватска веќе заработи 27 милиони долари за бронзата и Мароко 25 милиони долари за четвртото место.
Вкупниот награден фонд на ФИФА за овој Мундијал е 400 милиони долари.