Србинот Вања Милинковиќ-Савиќ е првиот избор на Пеп Гвардиола за нов голман на Манчестер сити доколку Едерсон замине од „Етихад“ ова лето. Братот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ брани за Торино во Серија А и е дел од клубот веќе осма сезона. Неговата цена се проценува на околу 10 милиони евра и актуелен соиграч на Елиф Елмас.
Голманот се наоѓа во идеална фудбалска возраст (28 години), што е во корист на Манчестер сити, кој е подготвен да го врати во Манчестер. Интересно е дека Вања Милинковиќ-Савиќ веќе беше во градот во 2014 година, кога како 17-годишно момче пристигна во Манчестер јунајтед од Војводина, но никогаш не стигна до првиот тим. Наместо тоа, неговата кариера продолжи во Полска (Лехија Гдањск), Белгија (Стандард) и Италија (СПАЛ, Асколи, Торино).
Ова лето Милинковиќ-Савиќ влегува во последната година од договорот со Биковите од Торино, што значи дека нема да биде скап, иако можеби ја игра својата најдобра сезона досега.
Во оваа сезона, Вања Милинковиќ-Савиќ ја зачува својата мрежа недопрена на девет натпревари од Серија А, што значи дека има „чиста мрежа“ на секој трет натпревар – одличен процент, особено со оглед на тоа што Торино се наоѓа во средината на табелата.