Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски официјално ќе го напушти Динамо Загреб по завршувањето на сезоната. Ова беше потврдено преку емотивна објава на неговиот долгогодишен соиграч Јосип Мишиќ.
Ристовски, кому му истекува договорот летово, нема да ја продолжи соработката со хрватскиот шампион. Во својата кариера во Динамо, тој одигра 185 натпревари, постигна седум гола и запиша 19 асистенции. Со клубот освои четири титули во ХНЛ, два Купа и два Суперкупа.
Јосип Мишиќ, со кого Ристовски делеше соблекувална и во Риека и во Спортинг Лисабон, му испрати срцепарателна порака.
View this post on Instagram
„Брате, 216 натпревари заедно на теренот! Толку многу пати трчавме, паѓавме, се креваме и се боревме заедно. Повеќе од бројка – тоа се години доверба, пријателство и крв оставена на теренот. Ти благодарам за секое додавање, секој совет, секоја насмевка во соблекувалната. Сигурно ќе се видиме пак, можеби не на ист терен, но секогаш на иста страна.“
„Три клуба. Безброј спомени. Тешко е да се опише колку ми значиш како соиграч, а уште повеќе како човек. Преку сите тие години, дресовите што заедно ги носевме и битките низ коишто минавме покажаа што значат лојалност, срце и братство. Ти благодарам за секој момент – од првото додавање до последната борба рамо до рамо. Заминуваш, но трагата што ја остави – останува.“
Ристовски сѐ уште не го објавил својот следен клуб, но неговото заминување значи крај на една значајна ера во Динамо Загреб. Пред заминување од Динамо е и Аријан Адеми.