Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, влезе во вистинска гол-форма во дресот на Динамо Загреб и втор меч по ред успеа да постигне погодок. На натпреварот против Шибеник, Ристовски во шесттата минута постигна вистински еврогол од 20-тина метри откосо, а неговите соиграчи се фаќаа за глава. Вистинско ремек дело.