Солскјер: Барселона е фаворит за европската титула

Поразот од вкупно 0-4 е најтежок за Манчестер јунајтед во историјата во еден европски двомеч. Досега најубедливо беа елиминирани од Милан во 1958 година со 2-5 и во 1992 од Атлетико Мадрид со 1-4.

Откако беа убедливо поразени, во Манчестер јунајтед сметаат дека сега Барселона е главен фаворит за трофејот во ЛШ.

За шефот на стручниот штаб, Оле Гунар Солскјер, разликата во ова четвртфинале ја направил Лионел Меси.

„Мора да кажам дека Меси е врвен играч и тој беше разликата. Тој и Кристијано Роналдо се најдобрите играчи во последната декада, сите се согласуваат со тоа, го покажа квалитетот. Добро почнавме, но на 2-0 беше готово. Треба да се трудиме да го достигнеме нивото на Барселона, има многу работа пред нас ако сакаме да го вратиме клубот каде што сакаме и да можеме да ја предизвикаме Барса. Мислам дека со квалитетот на напаѓачкото трио, Барселона е фаворит за освојување на ЛШ“, рече Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести