Солскјер денеска полни 48 години, ждрепката за Лигата на Европа ја гледа како роденденски подарок

Денешната ждрепка за Лигата на Европа донесе осминафинален двобој на Манчестер јунајтед и Милан, според имињата ова можеше да биде и финале, но за еден од овие два гиганти на европскиот фудбал, патувањето ќе мора да заврши рано.

Менаџерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер, денеска полни 48 години, и изјави дека за него, исходот од ждрепката е како убав роденденски подарок, бидејќи ќе ужива во дуелите со тимот предводен од некогашниот член на Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ. Во Милан има уште еден играч кој е добро познат од игрите во дресот на Манчестер, а тоа е Диого Далот, кој е позајмен кај Росонерите.

„Веќе ни стана традиција да добиваме тешки ривали. Ждрепката ми е како роденденски подарок. Оваа ждрепка прави чувство како да ќе играме мечеви од Лигата на шампионите. Добро е да се има вакви тешки мечеви, на тимот му треба предизвик, сакаме предизвици“ – изјави Солскјер.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, смета дека Манчестер јунајтед е најголем фаворит за титулата во ЛЕ, но потсети на некои од славните моменти на Милан кој предводен од Кака, го има елиминирано овој англиски противник. Во Милан, не биле баш воодушевени од ждрепката, очекувале полесен противник. Првиот меч е на 11-ти март на „Олд Трафорд“, реваншот една недела подоцна на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести