Солскјер ги измеша картите, а тинејџерот Гомес испадна вистинскиот џокер (Видео)

Манчестер јунајтед го совлада Тотенхем со 2-1 на меч кој се одигра во Шангај, што за тимот на менаџерот Солскјер е четврта победа во четвртиот меч во претсезоната. Во сите голови кои ги постигнаа во Азија, со гол или асистенција учествуваа членови на академијата на клубот, а тоа треба да ги радува во Манчестер бидејќи имаат таленти.

Антони Марсијал му донесе предност на Манчестер во првото полувреме. Голот на Лукас Моура за 1-1 беше првиот што го примија Црвените ѓаволи во летниот подготвителен период. Победата на Јунајтед му ја донесе 18-годишниот Анхел Гомес, кој во 81-вата минута ја круниса убавата акција и двојното проигрување со Хуан Мата.

На полувремето, Манчестер јунатед ги замени сите 11 стартери кои играа 45 минути, а нововлезениот Ерик Бејли се повреди, па беше принуден да замине во соблекувалната, и тоа беше 12-та измена на Оле Гунар Солскјер.

За двата тима ова е последен меч во Азија. Сега Јунајтед се сели во Норвешка, а Тотенхем во Германија. На крајот, последните контроли пред Премиер лигата во првите денови од август ќе им бидат со Милан односно Интер.

https://youtu.be/SV76VNu59LA

- Оглас -

Најнови вести