Солскјер ги скроти Сините лавови, на ред се Волците

Вулверхемптон  – Манчестер јунајтед (21ч – Премиер лига, второ коло)

Имресивното издание на Црвените ѓаволи во првото коло против Челзи најавува подобри денови за рекордерот по бројот на домашни титули во Англија. Ибзраниците на Оле Гунар Солскјер се полни со мотивација уште во раната фаза од сезоната да се наметнат на екипите кои се борат за врвот на табелата, но вечерва гостуваат кај секогаш незгодниот Вулверхемптон предводен од Нуно Еспирито Санто.

Волците со португалски шарм годинава двапати ги насамарија Ѓаволите од Манчестер. Со идентични победи од 2-1, една во првенството и една во ФА купот, е доказ дека нема да им биде лесно на гостите вечерва. Едно е сигурно, Јунајтед барем еднаш ќе ја затресе мрежата на Патрисио, но и ќе мора да трпи удари.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.30)

 

Зулте Варегем – Шарлроа (20:30ч – Белгија, Прва лига, четврто коло)

По катастрофите од Стандард и Мехелен, Варегем конечно дојде до три бода и сега намерата е со такво темпо да се продолжи и против Шарлроа. Овие две екипи се една до друга на табелата во воведниот дел од сезоната, а вечерашните гости допрва треба да почувстуваат пораз во шампионатот.

Во декември минатата година Варегем стави крај на катастрофалната низа од 12 меча без триумф против Шарлроа, кои, пак, во просек постигнуваа по два гола додека им траеше доминацијата.

Предлог тип: Т2 2+ & ГГ (2.60)

 

Оксер : Генгам (20:45ч – Франција, Втора лига, четврто коло)

Поранешните прволигаши се надеваа на подобри резултати во новата сезона, но ете ги на долниот дел на табелата. И Оксер и Генгам остварија само по еден триумф во трите претходни кола, но денешните домаќини имаат еден пораз повеќе од нивниот противник.

Во корист на Оксер оди учинокот во меѓусебните дуели, од 2000 година, па наваму само двапати загубиле, а во секоја од победите постигнувале барем по два гола. Вечерва може да се тресат двете мрежи, затоа типувајте на голови.

Предлог тип: 1+I и 1+II (2.35)

 

Спартак Москва : ЦСКА Москва (19ч – Русија, Прва лига, шетто коло)

Московското дерби треба да биде интересно за неутралните навивачи кои вечерва очекуваат полни мрежи на двете страни. Спартак против ЦСКА дербито е познато по тензичноста, а ништо помалку не се очекува и сега. Минатата сезона Армејците славеа на „Откритие арената“ со 2-0, тоа им беше прв гостински триумф по четири години пост.

Гостите се мачат со повреди на неколку клучни играчи, како Џагоев, Шеников и Чалов, а нивното отсуство може да биде мотив повеќе за Спартак да почне да победува во континуитет.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.62)

 

Фенербахче : Газијантеп (19ч – Турција, Прва лига, прво коло)

Новата ера на Фенербахче во која го нема македонскиот бисер Елиф Елмас треба да започне со триумф над Газијантеп. Фенерите сигурно нешто научија од катастрофалните летни подготовки, во кои претрпеа четири порази и само двапати ремизираа, но треба да се земе предвид дека се надигруваа со екипи како Реал Мадрид и Интер.

По подолга пауза, речиси од 16 години, Газијантеп ќе гостува во Истанбул. Последниот меѓусебен дуел датира од 2003 година и заврши во корист на Фенербахче со 3-0, но од тогаш се сменети неколку генерации на фудбалери.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести