Солскјер: Роналдо е нашиот Мајкл Џордан

Оле Гунар Солскјер е како мачка со девет животи на клупата на Манчестер јунајтед.

Норвежанецот, кој е под огромен притисок, кога и да се најде во безизлезна ситуација, тогаш на сцена стапува кој друг, ако не Кристијано Роналдо.

Така беше и против Аталанта, кога Португалецот со двата погодоци уште еднаш му ја спаси работата на Солскјер.

„Одигравме одличен натпревар и не се откажавме до самиот крај.

Роналдо е неверојатен, ако посакувате кај некој играч да биде топката во последната минута, тогаш тоа дефинитивно е тој, иако сега ме надмина на листата на стрелците, но, секоја чест.

Последниот гол, тоа беше како моментите кога Мајкл Џордан со неговите кошеви носеше победи и титули во завршните секунди.

Никој не може да стави прашалник на таквиот менталитет на овие спортисти, тие никогаш не се откажуваат. Некогаш играме подобро, ама не победуваме, но во секој случај квалитетот на ваквите играчи ќе дојде до израз“, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед со ова реми сега има седум бода во групата Ф, исто колку што и Вилјареал, додека Аталанта е трета со пет, а Јанг бојс остана на три бода.

- Оглас -

Најнови вести