Солскјер вистински наследник на Сер Алекс: Прв пат по ерата на Фергусон, Манчестер ј. даде пет гола

Оле Гунар Солскјер дефинитивно го има „кодот на Фергусон“. Некогашниот голгетер на Манчестер јунајтед, сега имаше одлично деби на тренерската клупа на „црвените ѓаволи“. Манчестер убедливо со 5:1 победија на гости кај Кардиф и за момент потсети на блескавите натпревари кои ги играше овој клуб, под воство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Солскјер како играч помина 11 години под тренерската палка на Фергусон, а сега дојде ред, тој да биде оној од кого се очекува клубот да се врати на славните патеки. Дебито на Солскјер е повеќе од одлично. Тимот никогаш немаше дадено пет гола на еден меч во Премиер лигата, откако Фергусон си замина од клупата.

Токму со пет погодоци Фергусон си замина. На последниот дуел на Ферги како предводник на Манчестер, мечот против Вест Бромвич заврши 5:5, а Јунајтед славеше титула. Тоа се случи на 19 мај 2013 година. Од тој меч, па се до денеска, поминаа точно 2.043 денови, за играчите на Манчестер да дадат пет гола на една средба во првенството.

Солскјер е надежта на сите навивачи на „црвените ѓаволи“ дека Манчестер повторно може да биде оној тим од времето на Фергусон.

 

- Оглас -

Најнови вести