Солскјер во живо го гледаше дебито на синот на Гигс за У-18 тимот на Манчестер

Закари Гигс, кој е 15-годишниот син на славниот Рајан Гигс, вчера го имаше своето дерби за јуниорскиот тим на Манчестер јунајтед за фудбалери со 18 години. Талентите на Црвените ѓаволи со 4-2 го победија Вулверхемптон, а средбата ја гледаше и тренерот на шрвиот тим, Оле Гунар Солскјер, кој долги години играше заедно со Рајан Гигс.

Малиот Гигс е роден во 2006 година, кога татко му со тимот од „Олд Трафорд“ освои Лига куп, а беше втор во Премиерлигата. За разлика од татко му кој беше лево крило, а играше и во средниот ред, Зак игра во одбрана.

- Оглас -

Најнови вести