Солзи се лееја по последниот меч на култниот стадион на Фрајбург (Видео)

Фрајбург го победи Аугсбург со 3-0, а по мечот од Бундеслигата, сите домашни фанови, играчи и вработени во клубот беа тажни. Ова беше последен меч за Фрајбург на култниот „Драјсам стадион“, кој првично е отворен во 1954 година, а во 1980 година стана прв стадион во Германија на соларна енергија.

Интересен момент беше кога тренерот Кристијан Штрајх се качи на трибина и го водеше навивањето.

Новиот стадион на Фрајбург е поголем за десетина илјади седишта и собира 34.000 гледачи. Судбината сакаше Фрајбург за еден гол да не дојде до 1.000-ка на свој терен и „Драјсам“ го напушти со 999 постигнати бундеслигашки голови.

Погледнете како емотивно тренерот Штрајх го доживеа скандирањето на името на стадионот од страна на фановите:

https://twitter.com/i/status/1442219138231914497

- Оглас -

Најнови вести