Солзите на Царула – Пред четири години преживеа хорор, вчера беше јунак во сензацијата на Кроули (Видео)

Ник Царула е еден од јунаците во сензационалната победа на Кроули и елиминацијата на премиерлигашот Лидс во ФА купот, а на стрелецот на првиот гол за четвртолигашот конечно му се насмевна среќата.

https://twitter.com/sportbible/status/1348282245375733763?s=20

Младиот кипарски репрезентативец не можеше да се воздржи во интервјуто по мечот и се расплака, а причината е потсетување за него на страшната сообраќајна несреќа во 2017 година.

Царула беше тешко повреден и паузираше цела година, а си замина од Тотенхем, каде што беше член на младинските категории од 2011 година.

„Тоа беше тежок и неизвесен период за мене. Сега станувам и по малку емотивен. Минав лош период и долг пат за да се радувам на ваква победа“, рече 21-годишниот играч на Кроули.

https://twitter.com/BBCSport/status/1348290276595523587?s=20

Неговиот тим победи со 3:0 и денеска ја чека ждрепката од петтото коло во ФА купот во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести