Сомнително – тим кој го победи БАТЕ со 1-0 пред една недела, денеска прими 8 гола (Видео)

Една од најдобрите екипи во Белорусија, Енергетик-БГУ, денеска претрпе катастрофа на домашен терен, загуби со неверојатни 1-8 од Рух Брест. Овој резултат зачуди многумина, затоа што Енергетик се бори за титула и ако победеше ќе беше втор на табелата, а гостите се просечен белоруски тим, од средината на табелата, но во последно време играат добро и наредија три победи по ред.

Да играа со младинци овој резултат и ќе беше разбирлив, но тешко е да се објасни како истите играчи кои пред една недела го победија БАТЕ Борисов со 1-0, денеска примија дури осум гола. Сомнително е и што главниот тренер не ја водеше екипата, официјално поради семејни причини.

Погледнете го гол-шоуто:

https://www.youtube.com/watch?v=vmRy_ED-vzA

- Оглас -

Најнови вести