Сон даде четири гола, но за Мурињо друг фудбалер е играч на мечот (Видео)

Тотенхем го порази Саутхемптон со 5-2, во меч од премиерлигата на кој Кореецот Хеунг-мин Сон постигна четири гола, но за тренерот Жозе Мурињо, најдобар поединец на средбата бил Хари Кејн.

Кејн имаше четири асистенции при сите голови на Сон, а на крај и самиот даде гол. Додека Кејн даваше изјава за медиумите, пријде Мурињо и рече: „Тој е играч на натпреварот. За мене тој беше најдобар, прикажавме одлична тимска игра“.

- Оглас -

Најнови вести