Тотенхем ги осигури услугите на Сон Хеунг-мин до јуни 2025 година откако двете страни се согласија да ја продолжат соработката. Јужнокорејската ѕвезда ја потврди верноста кон клубот за којшто настапува со многу успех уште од летото 2015 година.
Ова е добра вест за клубот од Северен Лондон што успеа да задржи еден од клучните фудбалери, особено откако утрово Тотенхем беше потресен од информациите дека Хари Кејн одлучил да ја продолжи кариерата во Манчестер сити.
Сон досега за Петлите одигра 280 меча во сите натпреварувања со учинок од 107 гола и 64 асистенции, истакнувајќи се како еден од најдобрите офанзивци во Премиер лигата.
✍️ We are delighted to announce that Heung-Min Son has signed a new four-year contract with the Club, which will run until 2025.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 23, 2021