Сонего нема шега, пред себе првпат го имаше Ѓоковиќ и го посрамоти

Лоренцо Сонего приреди сензација на АТП турнирот во Виена со голема победа од 2-0 (6-2, 6-1) во сетови против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. Носителот на австрискиот турнир буквално беше надигран во четвртфиналниот дуел по што успеа да освои само три гема во двата сета.

https://twitter.com/atptour/status/1322240892997111808

Сонего можеби ја запиша најголемат апобеда во неговата кариера, со оглед на тоа дека првпат ги одмери силите против моментално најдобриот светски тенисер, при тоа му одржа добра тениска лекција.

Италијанецот со двоен брејк за брзо стигна до 4-0, по што Ѓоковиќ најде начин како да го одложи сетот пред Сонего да ја искористи првата сет-топка за водство. Србинот беше уште понемоќен во вториот сет, загуби три гема на свој сервис иако беше во игра при негатива од 1-2. Сонего имаше свој ден паи вториот сет за победата го заврши идентично, со првата меч-топка.

https://twitter.com/atptour/status/1322237970041241600

- Оглас -

Најнови вести