Целта е Македонија да биде втора, потоа следи најтешкиот пакет-бараж во историјата за настап на Мундијал

Првата цел на Македонија е успешно да ги прегрми последните три меча против Германија, Ерменија и Исланд и да биде втора во Ј групата во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар, но и потоа воопшто не би било лесно и да се стаса до главната цел, историско учество за нас на Светските првенства.

Според системот на ФИФА во европските квалификации 10 второпласирани селекции од сите групи и плус две репрезентации од Лигата на Нации, една од А и една од Б сегментот ќе играат дополнителни бараж мечеви.

И тоа ќе се игра во два круга, па ова ќе бидат и најтешките квалификации во историјата за настап на Светско првенство.

Македонија ако биде втора во Ј групата ќе игра против една од преостанатите 11 селекции и ако победи, ќе се пробие меѓу шестте репрезентации, кои повторно ќе играат уште една филтер рунда, па победниците и тоа три ќе обезбедат настап на СП во Катар.

Ваков систем досега немало со два дополнителни баражи, но тоа е пред се поради малиот број на места, точно 13 што ФИФА ги има предвидено за европските селекции кои ќе играат во Катар, следната година.

Моментно Германија е прва во Ј групата со 18 бода и речиси сигурно ќе се пласира директно на Мундијалот, а Македонија е втора со 12 бодови, исто колку што има и Ерменија.

Кандидати за второто место се и Романците, кои на три кола до крајот на квалификациите имаат 10 бода, но и навидум најлесен распоред.

Македонија ќе игра против Германија во Скопје на 11. октомври, потоа ќе и гостува на Ерменија во Ереван на 11. ноември и го чека Исланд во последното коло на 14. ноември во Скопје.

РАСПОРЕД НА ЧЕТИРИТЕ ПРВОПЛАСИРАНИ СЕЛЕКЦИИ ВО Ј ГРУПАТА:

ГЕРМАНИЈА (18 БОДА)

МАКЕДОНИЈА – Германија – 11. октомври во Скопје

Германија – Лихтенштајн – 11. ноември во Волфсбург

Ерменија – Германија – 14. ноември во Ереван

 

МАКЕДОНИЈА (12 БОДА)

МАКЕДОНИЈА – Германија – 11.октомври во Скопје

Ерменија – МАКЕДОНИЈА – 11. ноември ви Ереван

МАКЕДОНИЈА – Исланд – 14. ноември во Скопје

 

ЕРМЕНИЈА (12 БОДА)

Романија – Ерменија – 11. октомври во Букурешт

Ерменија – МАКЕДОНИЈА – 11. ноември во Ереван

Ерменија – Германија – 14. ноември во Ереван

 

РОМАНИЈА (10 БОДА)

Романија – Ерменија – 11. октомври во Букурешт

Романија – Исланд – 11. ноември во Букурешт

Лихтенштајн – Романија – 14. ноември во Вадуз

Според моментната ситуација во сите 10 групи во баражите би играле МАКЕДОНИЈА, Србија, Шведска, Швајцарија, Украина, Чешка, Шкотска, Норвешка, Русија, Албанија и две селекции од Лигата на Нации, по една од А и од Б сегментот.

Сепак ова е само според сегашната состојба на табелите во десетте групи, бидејќи во неколку од нив ситуацијата е неизвесна, па може да има и измени во конечниот исход, кои 12 селекции би играле два круга бараж мечеви за пат во Катар.

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести