12.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Сонот веќе е реалност, малата африканска земја од Атлантикот првпат ќе игра на СП (Видео)

Репрезентацијата на Зеленортските острови го комплетираше изненадувањето во квалификациите кое го најави во септември со победата против Камерун, и со денешната победа од 3-0 против Есватини (некогашен Свазиленд), го осигура местото на Мундијалот 2026, додека фаворитот Камерун ќе треба да игра баражи.

Оваа мала земја во која се зборува португалски и која е позната и како Капо Верде, е остров во Атлантскиот океан со само 600.000 жители, и тоа е втората најмала држава која учествувала на СП во фудбал, после Исланд.

Ова е голот на Вили Семедо за 2-0 со кој се најави победата и историскиот прв пласман на СП:

- Оглас -

Најнови вести