Сопругата на Бекам ги разгневи Англичаните: Отпушти 30 работници, па побара помош од британската Влада

Богатството на семејството Бекам се проценува на вртоглави 450 милиони долари, меѓутоа бизнисот на Викторија Бекам е финансиски погоден од пандемијата со корона-вирусот.

Имено, сопругата на легендардниот Дејвид Бекам се обидува да најде излез од кризата така што отпушти 30 работници од својата модна компанија додека на останатите вработени им ги намали платите до 80 отсто. Уште поголем гнев привлече со тоа што побара помош од британската Влада.

Иако блиски луѓе до семејтсвото Бекам ги демантираа овие информации, Викторија се најде на удар на критики на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести