Сопругата на Колашинац на аеродром во Лондон фатена со оружје

Атрактивната Бела, сопругата на фудбалерот на Арсенал, Сеад Колашинац, се обидела во Велика Британија да внесе илегално оружје, поточно пиштол за зашеметување, познат како електрошокер. Бела која е Германка, електрошокерот го носела како средство за самоодбрана, а потребата за тоа постои особено откако лани нејзиниот сопруг и Месут Озил беа нападнати од двајца крадци на мотори.

Босанската снаа не знаела дека носењето на електрошокер е забрането во Велика Британија, за разлика од нејзината Германија, па граничните службеници на аеродром во Лондон го нашле нелегалното оружје во нејзиниот куфер, во која таа имала и облека кое го понела при полетувањето од Франкфурт.

На крај, сопругата на Колашинац била пуштена, со предупредување дека носење на вакво оружје според британските закони повлекува затворска казна од шест месеци.

Инаку, средството со кое може да му пуштите струја на некој човек, било спакувано и немало батерии, а Бела имала и документи дека испраќала мејлови за да се осигура оти смее да го внесе оружјето во Британија. Проблемот е што кога добила повратна порака дека тоа оружје е илегално, мобилниот и бил исклучен, па не знаела дека носи недозволен предмет.

- Оглас -

Најнови вести