Новак Ѓоковиќ по повод освојувањето на јубилејната 100-та турнирска титула во кариерата, се огласи преку социјалните мрежи со комбинација од бројки и букви преку која го порача неговото „Идемоо“ (одиме).
Новак до 100-ката дојде на АТП 250 турнирот во Женева каде беше и прв фаворит за трофејот, а на крај успеа да ја оправда улогата.
Ѓоковиќ првиот од стоте пехари го освои пред 19 години против Николас Масу кој сега му е тренер на Хуберт Хуркач, тенисерот кој денеска загуби финале од Србинот. Сопругата Јелена се присети на таа 2006 година и откри: „Каков симболичен ден. За првата титула Новак го победи Масу, за 100-тата го победи ученикот на Масу. 19 години разлика. Времето е најдобриот раскажувач на приказни“.