Сопругите и девојките на фудбалерите се виновни за дебаклот на Германија во Катар

Четирикратниот светски шампион, Германија, е најголемо непријатно изненадување на Светското првенство во Катар, а сега полека почна да се откриваат и деталите што се случувало во репрезентативниот камп и вината за неуспехот лежи во атмосферата која владеела во кампот.

Германската репрезентација беше сместена во „Зилал Велнес Ресорт“ кој се наоѓа во регионот Ал Шамал на на северот на Катар, а по истрагата што ја спроведоа претседателот на Фудбалската федерација на Германија, Бернд Ноендорф и потпретседателот Ханс-Јоаким Вацке, донесе е заклучок дека неуспехот на Светското првенство е поради „атмосферата во кампот која потсетувала на годишен одмор“.

Заклучокот е дека сопругите на фудбалерите кои имале право да престојуваат во репрезентативниот камп, времето го поминувале покрај базените фотографирајќи се за социјалните мрежи, додека играчите наместо да тренираат, доста време поминувале чувајќи ги децата во своите соби.

Сопругите и девојките не престојувале биде постојано со фудбалерите, но наместо по една, останувале по две ноќи.

- Оглас -

Најнови вести