Сопственикот на Милан со СМС-порака го отпуштил Фонсека

Сопственикот на Милан, Гери Кардинале, преку СМС-порака го известил Пауло Фонсека дека во иднина нема да биде тренер на Росонерите, откриваат италијанските медуими. Тоа се случило на полувремето од натпреварот против Рома на „Сан Сиро“, а само неколку минути претходно тренерот на Милан доби црвен картон.

Милан направи тренерска промена, му врачи отказ на Фонсека, а за нов тренер го назначи Сержо Консеисао.

„Скај Спорт Италија“ открива дека директорите на Милан немале храброст лично да му го соопштат отказот на Фонсека, па тој добил известување преку СМС-порака од сопственикот Гери Кардинале.

Кардинале ја донел одлуката, но начинот на којшто таа е соопштена не му прилега на клуб со рејтингот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести