Сосиедад играше покер на „Аноета“ за прв лигашки триумф во 2021 година

Реал Сосиедад конечно запиша победа во Ла Лига во 2021 година, откако со убедливи 4-1 го потопи повратникот во елитата Кадис.

Баскискиот клуб во претходните четири кола освои само три бода, но со помош на Ојарзабајл и Исак конечно го врати победничкиот ритам кој го покажуваше во првиот дел од актуелната сезона.

Првата ѕвезда на домаќините до 34-тата минута на двапати ја затресе мрежата на Кадис, а во второто полувреме на сцената стапи младиот шведски голгетер Исак, па во период од пет минути ги потврди бодовите за Сосиедад. Гостите стигнаа до почесен погодок преку Изкиердо во 65-тата минута.

Деветтиот овосезонски триумф го задржа Сосиедад на шестото место со 35 бода, со бод заостаток зад петтопласираниот Вилјареал, додека Кадис нанижа три порази во низа и остана на 24 бода и 13-тото место на табелата во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести