3.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Спалети ќе остане во Јувентус и во наредните пет години?

Раководството на Јувентус решително ја трасира својата иднина околу визијата на Лучано Спалети, испраќајќи јасен сигнал дека проектот на Старата дама ќе се гради врз неговите принципи и авторитет. И покрај резултатските осцилации во текот на сезоната, во Торино проценуваат дека стратегиската насока е исправна и дека континуитетот е поважен од краткорочните турбуленции.

Актуелниот договор на Спалети му истекува на крајот од јуни, но раководството одлучи тој да добие понуда за нова долгорочна соработка. Според италијанските медиуми, стратегот е предвидено да остане и во наредните пет години.

Поддршката за Спалети доаѓа во чувствителен момент, во период кога борбата за шампионскиот трофеј донесе и одредени разочарувања. Сепак, во клупските кругови тој се перцепира како клучен столб на идниот циклус.

- Оглас -

Најнови вести