Селекторот на италијанската репрезентација, Лучано Спалети, му одговори на својот поранешен работодавец, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој кажа дека Украина била ограбена на дуелот со Италија поради оној недосуден пенал во финишот на средбата.
Со нерешениот резултат против Украина, Италијанците обезбедија директен пласман на ЕП, а Украинците мора да играат баражи.
„Не сме украле ништо. Можеби не заслуживме победа над Украина, но заслуживме да играме на Европско првенство. За пеналот може да дебатираме, но јасно е дека не беше очигледен и чист како што многумина кажуваат. За жал, тој момент се користи за да се девалвира нашиот успех“, рече Спалети.