Спартанците не се најслаб тим на ЕП, една репрезентација на пет меча не освои ниту сет

Македонската одбојкарска репрезентација без ниту една победа го заврши настапот на Европското првенство, но нема да биде последнопласирана на конечната табела. Нашите најдобри одбојкари на петте меча освоија само два сета и не ги исполнија очекувањата, но има една репрезентација, а тоа е црногорската, која не успеа да освои ниту еден сет на ЕП, и е најслаба на шампионатот.

Црна Гора беше во група со Италија, Словенија, Чешка, Бугарија и Белорусија. Сите мечеви ги загуби со 0-3.

- Оглас -

Најнови вести