23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Спартанците се вратија од голема негатива но среќата беше наклонета кон Романија

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Романија со 3:2 во сетови (22:25, 17:25, 25:23, 25:19, 13:15) во меч од второто коло од Сребрената Европска лига.

Нашите момци беа на чекор од големо изненадување над фаворитот иако тргнаа со два сета негатива, но на крајот во петтиот сет не успеавме да го комплетираме кам-бекот.

Никола Ѓорѓиев со 11 поени повторно беше наш најдобар поединец на теренот, додека кај Романците со ист број на поени се истакна Роберт Адријан Ачиобантеи.

По две одиграни кола, Македонија се наоѓа на второто место со четири бода, а во наредната рунда, во првиот ден од јуни ќе ја пречека селекцијата на Албанија.

 

- Оглас -

Најнови вести