Спасувајте се зебрести Ѓаволи, големиот лав ви е зад пети (фото)

Премиер лигата се враќа на програмата во претстојниот викенд, но Манчестер јунајтед го пропушта првото коло, поради што екипата доби неколку дена повеќе за одмор заради настапот во Лигата на Европа. Тимот на Оле Гунар Солскјер со обврските во англиското првенство стартува на 19 септември против Кристал палас.

Во меѓувреме, 20-кратниот англиски шампион ја претстави третата гарнитура дресови која ќе ја користи во новата сезона, а „Адидас“ ги изненади сите со црно-белиот дизајн и шаренилото кое наликува на крзно од зебра.

Токму таа ситуација ја искористи најпознатиот фудбалски карикатурист Омар Момани за да го најави стартот на сезоната 2020/21 во Премиер лигата, претставувајќи ги Црвените ѓаволи, поточно Бруно Фернандеш, Пол Погба и новото засилување Дони ван де Бек, како плен на лавот – амблемот на англискиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести